петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 13
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Оздравени се две лица од Штип кои имаа коронавирус

Оздравени се две лица од Штип кои имаа коронавирус

По информациите добиени од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека денеска попладнево се регистрирани уште две лица од Штип оздравени од Ковид-19, кои со лесна слика на болеста беа на домашно лекување, а под постојан надзор на лекарскиот тим од болницата во Штип.

Кај овие лица, согласно протоколот, беа направени два контролни теста и истите покажаа негативен резулат на коронавирусот.

Во моментов во болницата во Штип од ковид-19 се лекуваат 4 пациенти, а штипската болница следи уште 14 пациенти со лесна форма на болеста кои се на домашно лекување.

Коронавирус