Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена, а на места повремено значителна облачност со услови за слаб локален дожд. По котлините, особено претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност.
Во сабота времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Во недела времето ќе биде сончево со умерена облачност, по котлините магливо.
Во понеделник времето ќе биде повторно сончево со мала до умерена облачност, по котлините со утринска магла.