сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 26
home Вести

Овие македонски градови денеска се најзагадени- власта со денови не презема ништо, граѓаните се молат на ветер и дожд

Овие македонски градови денеска се најзагадени- власта со денови не презема ништо, граѓаните се молат на ветер и дожд

Иако утринава загаденоста во Македонија е на ниско ниво, мерните станици во земјава покажуваат дека во Куманово воздухот е најзагаден, а веднаш по него се скопските општини  Ѓорче Петров, Карпош, потоа следуваат Тетово, и Битола.

Откако цела недела Македонија се наоѓаше на врвот на листата на загаденост во светски рамки, овие денови благодарејќи на ветрот и дождот во некои градови загаденоста е смалена, но се уште постои и ги гуши граѓаните.

Мицкоски: Зборот на Заев не важи, воздухот во Куманово и другите градови е исклучително загаден, страдаат граѓаните

Уште една од оние низа лаги коишто се содржани во онаа мега лагата „за живот“ се и ветувањата за чистиот воздух во Македонија, ова вчера го изјави Мицкоски за Телевизија Плус во емисијата „Став“.

-Власта предходно шеташе со гас маски по улиците, и се сеќавам на легендарната изјава на министерот за информатичко општество дадена на Водно, дека промената веднаш ќе дојде, а со нејзе и апскиот воздух низ Македонија, вели Мицкоски.

Мицкоски вели дека денеска никогаш позагадена не била Македонија, а кумановчани се посебно сведоци за тоа, деновиве е навистина тешко да се дише во Куманово, многу луѓе имаат респираторни проблеми и тоа претставува навистина голем сериозен проблем не само во Македонија, туку и пошироко.

-Пред неколку дена на говорница го слушам господинот Заев како вели дека 84 проценти од гасификацијата ја завршил и дека дал насока кон градоначалниците на општините дека 2020-тата треба веднаш да почнат со градба на секундарната и терцијарната мрежа за гасификацијата, вели тој.

Мицкоски исто така истакна дека за оваа влада секоја година е економска година, секоја година треба да се гради Чебрен и Галиште, а никако да почне да се гради. Најспособната влада да дојде да работи , најбрзо што може да почне да се гради секундарната и терцијарната гасификацијата е за две години од сега. Тој вели владата да го завршеше тендерот во 2017-тата, а не го поништеше со некои атипични и неинжинерски решенија , ние можеби во некои

Инаку во петокот владата најави дека загадениот воздух ќе го чисти со полиција

Во Владата инспекторите за животна средина од целата држава седнаа на маса со тројца министри за да разговараат за алармантното загадување на воздухот.

По состанокот беше речено дека формирале координативен тим на инспектори и полициски службеници за зајакнување на мерките за контрола на теренот за пронаоѓање на потенцијални загадувачи.

Секојдневно ќе се пријавуваат прекршувања, а казните ќе бидат ригорозни за фирмите кои не ги исполнуваат еколошките стандарди, како и за домаќинствата коишто го загадуваат воздухот користејќи гуми, пластика и прегорено моторно масло како гориво за греење.

 Скопјани исто така беа згрозени од глетката во строгиот центар на градот каде се наоѓа студентскиот дом „Кузман Јосифовски- Питу“.

На сликата која што најпрво ја објавија на социјалните мрежи се гледа дека системот за греење на мазут во домот се уште е во функција и покрај тоа што во февруари оваа година се потпиша меморандум за соработка меѓу студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу и АД БЕГ Скопје со цел замена на системот за греење во студентскиот дом од нафта за греење односно мазут со приклучување кон системот на централно греење.

Во време кога загаденоста на градот е највисоко ниво, ова е само доказ за институционална негрижа и неспособност на владата да ги реализира оние проекти кои ги вети пред граѓаните, а на социјалните мрежи започнаа и да се мајтапат со властите поради црниот чад.

Инаку освен со загадениот воздух тетовци ова лето се гушеа и во ѓубре и смет од преполните контејнери и диви депонии за кои градоначалничката мува не ја полази…

Тетово тоне во ѓубре, жителите гневни на Теута Арифи која мува не ја лази: „Малку е ова за Тетово, европска градоначалничка имаат“ (ФОТО)

Тетово никако да се ослободи од загаденоста и зимо и лето.

Иако тетовци мислеа дека со доаѓањето на летото ќе се ослободат од загадениот воздух, сепак општината на чие чело е Теута Арифи уште еднаш докажа дека тоа не е можно.

Социјалните мрежи овие денови се преполни со фотографии од расфрлано ѓубре во Тетово, а граѓаните гневни бараат спас од градоначалничката која мува не ја лази.

-Има луѓе во овој град да се побунат или се чека некој друг да заврши работа?

-Малку е ова за Тетово, Европска градоначалничка имаат, само едно не ми е јасно како тетовци трпат, запали го сакале или не ќе го изгаснат и исчистат.

-Лепота, се само дел од коментарите под фотографиите кои ги разочараа тетовци од владеењето на градоначалничката.

Македонија инаку веќе цела измината недела „Блескаше“ на листата на најзагадени држави во светот, а освен рушењето на рекорди секојдневно загадениот воздух ги наполни и болниците.

Власта како и секоја година и оваа очигледно ќе ја преспие зимата обвинувајќи ги изминатите влади кои биле виновни за загадениот воздух во државата, особено во Скопје за чиј загаден воздух Шилегов неодамна обвини дека виновни биле изминатите власти во период од 30 години наназад.

Коронавирус