четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 169
home Вести

Овие деца со медали се вратија во Македонија од Балканската математичка олимпијада

Овие деца со медали се вратија во Македонија од Балканската математичка олимпијада

Со два бронзени медали се закити македонската репрезентација на Балканската математичка олимпијада што до денеска се одржа во Кишинев, Молдавија.

Лука Грашкоски, ученик во втора година во гимназијата „Нова“ и Ќендреса Селими од приватната гимназија „Јахја Кемал“ од Скопје ќе се вратат со бронза.

Во шестчлениот тим учествуваа и: Михаела Хаџиска, Анастасија Тортевска, Христина Митреска и Алек Јармов, а нивен ментор беше проф.Самоил Малчески.

Ќендреса Селими (прва од лево) и Лука Грашкоски (до неа) освоија бронзени медали.

Извор: Факултети

Коронавирус