Маврово вечерва блеска во сиот свој сјај.
Туристичкиот бисер на Македонија веќе неколку денови е прекриен со снег, а вечерва од фотографијата може да се забележат дури и ѕвездите на Бистра планина кои се толку блиску што мислите ќе ги дофатите.
é
Инаку според прогнозите на УХМР во наредните денови ќе имаме исто така студено време што ќе му овозможи на снегот да не се стопи.
Утре ќе имаме наутро студено и понекаде во котлините со појава на магла. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер.
Во четврток ќе имаме сончево со мала локална облачност и со слаб северен ветер. По одделни котлини ќе има појава на магла.
Во петок исто така ќе имаме сончево со мала локална облачност и со слаб јужен ветер. По одделни котлини ќе има појава на магла.
Во сабота ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. По одделни котлини ќе има појава на магла. Попладне облачноста ќе се зголемува.