сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 75
home Вести

ОВАА СЛИКА Е ДОКАЗ ЗА КАТАСТРОФАТА ВО МАЛЕШЕВИЈАТА ПО ПОЖАРИТЕ: Волци слободно се шетаат, немаат засолништа и бараат храна

ОВАА СЛИКА Е ДОКАЗ ЗА КАТАСТРОФАТА ВО МАЛЕШЕВИЈАТА ПО ПОЖАРИТЕ: Волци слободно се шетаат, немаат засолништа и бараат храна

Волци кои слободно шетаат во малешевските ниви барајки храна и засолниште од пожарите е само еден од примерите за огромната катастрофа која го снајде Малешевскиот регион.

Димче Беќарски од село Умлена кој утрово ја забележа појавата, вели дека по пожарите волците шетаат слободно и се закана за сточарите и нивниот добиток.

-Волкот го забележав утрово додека собирав „јонџа”. Стоеше мирно, бараше правец кон кој може да се упати. Синоќа татко ми забележал уште два волка во близина на селото. По пожарите веројатно бараат како да се скријат, но поради оголените дрвја сега немаат каде, рече Беќарски.

Според него, сега претстои опасност за добитокот поради што сточарите треба да направат се за да го заштитат.

-Тоа мора да го направат, бидејки волците се подготвени се да нападнат, а со тоа и да направат голема штета, додаде Беќарски.

За огромната штета која е нанесена на животинскиот свет како што дополни, допрва ќе сведочат вакви и слични ситуации. Она што засега исто така е доказ за големата катастрофа се и пронајдените изгорени срни на територијата на Пијанечкиот регион чии остатоци ги пронајдоа ловџии од делчевскиот регион.

Коронавирус