недела, 2. април 2023. Вести денес: 15
home Вести

Оваа недела температури до 36 степени, на планините се очекува дожд

Оваа недела температури до 36 степени, на планините се очекува дожд

Сончево и топло време ќе има во текот на работната недела со температури до 36, појава на локален пороен дожд и грмежи се очекуваат на планинските делови.

Опаѓање на температурата за неколку степени се очекува за викендот кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи и умерен до засилен северен ветер.

Утре максималната температура ќе се движи од 26 до 36 степени, во среда од 26 до 34, во четврток од 28 до 36, во петок од 27 до 36, во сабота од 25 до 33 и во недела од 24 до 32 степени.

Утринската ќе биде во интервал од 11 до 19 утре, во среда од девет до 18, во четврток од 11 до 19 степени, во петок од 10 до 19, во сабота од 11 до 18 степени и во недела од 10 до 17 степени.

МИА

Најнови вести