четврток, 22. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Ова време многу ме асоцира на времето и состојбите во кое се наоѓал Александров пред да биде убиен

Ова време многу ме асоцира на времето и состојбите во кое се наоѓал Александров пред да биде убиен

Ова време многу ме асоцира на времето и состојбите во кое се наоѓал Тодор Александров во месеците пред да биде убиен во 1924 година, и состојбата во која тој бил тогаш, иако се е во сосема различен контекст, изјави Никола Груевски на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено, Александров во месеците пред да биде убиен се наоѓа во исклучително тешка и безизлезна ситуација. Од една страна бугарската влада која претходно го подржувала му дава дознание дека заради притисокот од надвор е под притисок да го уапси, и му дава сигнал дека треба да си замине од нејзината територија ако сака да го збегне тоа. Тоа е време кога околните држави особено Србија и Грција имаат издадено потрнициа со парична награда за кој ќе го убие, и неколку пати го зголемувала износот на таа потерница. Паралелно на тоа, иако посилен сепак го исцрпуваат честите директни вооружени пресметки со левицата. Се обидел да добиепомош од Англија, но било безуспешно. Се обидел да се сретне со американскиот амбасадор во Софија но тој не прифатил, а дознал и дека истиот искоментирал: не сакам да имам ништо со тој бандит. Истовремено неговиот соработник од ЦК Чаулев соработува со СССР, во тоа време многу значаен фактор на балаканот и во Европа, а Протогеров веќе коментирал дека кај и да е СССР, ќе ја врати силата што ја имаше царска Русија и треба да се соработува со нив, иако биле идеолошки и класни непријатели. Самиот Александров е антикомунист и несакал да соработува со СССР. Но согледувајќи дека ВМРО на Александров е најсилната револуционерна организација набалканот и во Европа во тоа време, и согледувајќи ја неговата ситуација агент на СССР решава да му пристапи. СССР во тоа време се во идеолшки филм за во што поголем број земји да се воспостави комунистички режим. Тие сметале дека социјализмот во СССР неможе да се третира како успех, и дека тоа може да е само иницијална каписла за негово ширење во цела Европа а потоа и во цел свет, и биле посветени на тоа. Нив не ги интересирало толку нацијата и националното, туку класното, и биле подготвени се да ветат, па и да реализираат доколку се прифати социјалистички поредок. Тие за први земји каде сметале дека можат да успеат со социјалистичка револуција  ги таргетирале Германија на западот и Бугарија на истокот. За Бугарија им бил важен Александров и ВМРО. Тие биле во непосредна и тесна соработка со левицата на Влахов, но тие биле на теренот далеку послаби од десницата на Александров, и нивниот антагонизам бил огромен, што секојдневно се убивале меѓусебе. Проучиле дека нему му е најважно да добие автономија на Македонија. Проучиле дека на Балканот во тоа време под автонимија се подразбирало независност, но бидејки во светски размери не се подразбирало тоа, отцениле дека нетреба да му нудат нешто што не го бара. Па така направиле план кој му го понудиле со услови, во ситуација кога нему сите патишта му се затворени.

Тие нему да му помогнат дадобие автонимија на Македонија (цела географска област Македонија), а тој ним да им помогне да се сруши владата во Софија и да се помогне во воспоставување на комунистичка влада. Но поставиле услови, дека за да му помогнат мора да се обедини со левицата, заради што и доаѓа до преговорите во Виена. Исто така барале тоа обединување да се формализира, со тоа што најпрвин ќе се распушти ЦК на ВМРО кој тогаш броел тројца луѓе, и ќе се создаде нов, каде по еден член ќе делегира Александров, еден левицата, а еден ќе предложат тие. Тука во старт нивните поблиски левичари биле во предност. Второ, побарале потоа новото раководство да биде со изедначен број на членови од двете организации, што во старт е полошо за Алексанров бидејки неговата ВМРО е несразмено посилна од онаа на Влахов. Всушност идејата на СССР е постепено да му ја превземат партијата. На Александров горе долу му е јасна состојбата но нема излез, опколен е од сите страни. Преговоритево Виена почнале во април и завршиле на 6 ти мај, под тешки услови за него. Од друга страна неговиот секретар во тоа време Ванчо Михајлов бил соработни кна владата во Софија а бил во тек со разговорите. Неколку дена пред потпишувањето Александров рекол дека не се чувствува безбеден и мора да замине, но го овластил Протогеров во негово име да го потпише манифестот, со еден услов тој да не се објавува најмалку 2 месеци, време во кое Александров рекол му треба за да ја подготви јавноста и членството кое било силно антагонизирано со левицата . Отаму заминал во Англија, веројатно во уште еден обид од таму да добие некаква подршка, но било безуспешно. Протогеров го  потпишал манифестот за обединување на 6ти мај, под крајно лоши околности за Александров. Наместо за 2 месеци, по сигнал на СССР, левицата документот го објавила за 2 недели и тој предизвикал политички земјотрес во органзацијата. Од немај каде Александров го отфрлил и негирал документот, но веќе во тој момент дури 4 страни се заинтересирани за негова ликвидација: 1. Бугарската влада, 2, Српската, Грчката и другите кои го барале со потерница, 3. Коминтерната на СССР, и 4. Самиот Ванчо Михајлов, неговиот секретар. Англија и Америка не сакаат да соработуваат со него.  Како што вели онаа народната:од сите страни Ѓорѓи сардисан. Истото лето на 31 август е ликвидиран, и не се знае неговиот нарачател, но сите 4 имале мотиви тој да не евеќе меѓу живите. Со неговата смрт и доаѓањето на Ванчо Михајлов се цени дека завршува периодот кога ВМРО носи независни одлуки за своето делување.

Коронавирус