четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 99
home Вести

Ова се сите регистрации на службените возила, ако ги видите на митинзи, пријавете ги

Ова се сите регистрации на службените возила, ако ги видите на митинзи, пријавете ги

Комисијата за спречување на корупцијата, како што најави претходно, на својата веб-страница го објави регистарот на службените возила на државните органи, служби, претпријатија и општини кои не смеат да се злоупотребуваат за време на кампањата за претседателските избори на 21 април, односно 5 мај.

Во базата има податоци за типот на автомобилите, во чија сосптвеност се, кога се произведени и кој број на регистарска табличка ја имаат.

Антикорупционерите немаат надлежност да одат на терен и да истражуваат по митинзи, но затоа секој граѓанин може да пријави неправилности, а пријавата е објавена и на сајтот на Државната комисија за спречување на корупција. Злоупотреби, на пример, со службени возила може да се документираат и со фотографија.

Претседателката на оваа комисија, Билјана Ивановска, вели дека до сега не се отворени предмети поврзани со изборите, но оти сите информации стигаат до нив.

Коронавирус