сабота, 28. март 2020. Вести денес: 111
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Ова се предлозите за нови амбасадори

Ова се предлозите за нови амбасадори

Владата денеска на затворена седница ја утврди листата со 19 предлози за назначување амбасадори на нашата земја во неколку земји. Официјалнo листата со амбасадорските имиња се чува во тајност додека тие не добијат виза од шефот на државата Стево Пендаровски. Неофицијално, Плусинфо доби дел од имињата на амбасадорите во неколку земји, пишува порталот Плусинфо.

Во Рим нов амбасадор ќе биде Рами Реџепи, воБелград нов македонски амбасадор ќе биде Васко Грков, Сашко Тодоровски во Стразбур, Мишо Докмановиќ во Тел Авив, Шпреса Јусуфи во Приштина, Данчо Марковски во Тирана, Милаим Фетаи воЗагреб, Шабан Јашари во Катар, Теута Демјаха или Андреј Жерновски за ОН во Женева, Фатон Бејта во Копенхаген и Бети Јачева во Хаг. Дане Талески е предлогот за нов амбасадор во НАТО во Брисел.

Нема информации кои ќе бидат новите амбасадори за Атина, Москва, Прага, Њу Делхи, Ватикан, Пекинг…