вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 62
home Вести

Ова се добитниците на наградата „11-ти Октомври“

Ова се добитниците на наградата „11-ти Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „11-ти Октомври“, согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр.52/06,54/07,74/12 и 99/18) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе одлука за доделување на државната награда „11 Октомври“ во 2018 година  за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:

  • проф. д-р Драги Михајловски, преведувач и писател
  • Ристо Лазаров, писател и новинар
  • Петре Арсовски, актер
  • За животно дело во областа на здравството, наградата му се доделува на: проф. д-р Александар Ставридис, хирург – уролог.
  • Оваа одлука стапува во сила од денот на донесувањето и ќе биде објавена во „Службен весник на РМ“. 

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 Октомври 2018 година (четврток) во 12 часот во Собранието на Република Македонија.

 

Коронавирус