вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Ова се близначињата Анастасија и Габриел, првите бебиња родени во 2020-та година

Ова се близначињата Анастасија и Габриел, првите бебиња родени во 2020-та година

Нов почеток и нов живот. Анастасија и Габриел се првите родени бебиња – близначиња на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Женското бебе е  родено во 00:01, а второто е машко и е родено во 00:03 часот.

-На родителите им посакуваме добро здравје, успешна и среќна година. Мајката Снежана ја има целосната потребна здравствена заштита и нега. Упатуваме честитки за професионалноста до целиот медицински персонал во сите јавно-здравствени установи. Нека ни е среќна новата 2020 година, информираат од ГАК.

Коронавирус