петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 158
home Вести

Ова е редоследот на симптоми ако сте заразени со корона- еден од нив најчесто е прв

Ова е редоследот на симптоми ако сте заразени со корона- еден од нив најчесто е прв

Истражувањето од Универзитетот во Јужна Калифорнија успеа да утврди дека симптомите на Ковид-19 често започнуваат по одреден редослед.

Тоа може да им помогне на заразените со вирусот корона да се изолираат и да започнат со третман на време, што може значително да ги подобри резултатите на пациентите.Симптомите како што се треска и кашлица се слични кај голем број на болести, вклучително и сезонски грип. Бидејќи сè уште се бориме со епидемијата, а сезоната на грип е започнат, поважно е од кога било да знаеме од што всушност страдаме.

За да го предвидат редоследот на симптомите, истражувачите ја анализирале стапката на инциденца на симптомите собрани од Светската здравствена организација кај повеќе од 55.000 луѓе со Ковид во Кина. Тие исто така разгледаа збир на податоци собрани за скоро 1.100 случаи, меѓу декември и јануари, од страна на експертска група за медицински третман на Ковид во Кина.

„Редоследот на симптомите е важен. Знаејќи дека секоја болест напредува поинаку значи дека лекарите можат да утврдат дали има Ковид или друга болест, што им помага на лекарите да донесат подобри одлуки“, рече Јозеф Ларсен, главниот автор на студијата.

Редоследот на симптомите кај Ковид-19:

1. температура

2. кашлица и болки во мускулите

3. гадење и повраќање

4. треска

Коронавирус