вторник, 7. јули 2020. Вести денес: 269
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Ова е народ: Снимката со дрон покажува колку граѓани излегоа на вчерашниот протест (ВИДЕО)

Ова е народ: Снимката со дрон покажува колку граѓани излегоа на вчерашниот протест (ВИДЕО)

Синоќешниот масовен протест пред Владата на Република Македонија беше јасна порака до Зоран Заев и СДСМ. Околу 60.000 граѓани од сите градови во Македонија го изразија своето незадоволство од работата на власта.

Пред големиот број граѓани собрани пред Владата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара да се одржат предвремени парламентарни избори заедно со претседателските во 2019 година.

Мицкоски со своето лидерство кое го покажа, успеа на протест да извади околу 60.000 и тоа во доста тешки времиња во кои денес живеат македонските граѓани.

Тие не подлегнаа на притисокот, туку излегоа на протест да се спротивстават на она што се случува со земјава под водство на премиерот Заев.

Од снимката направена од дрон, јасно се гледа поддршката која синоќа ја доби Мицкоски и неговата партија.

Парламентарни избори 2020