сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 81
home Вести

Ова е „Meltdown“, друже Заев!

Ова е „Meltdown“, друже Заев!

На три дена пред крајот на месецов може слободно да се констатира дека овој јуни се зададе убедливо најголемиот кошмар за владата и премиерот Зоран Заев. Во американската политичка терминологија за ваквите периоди се користи терминот „Political Meltdown“.

Во овој момент не можам да смислам адекватен превод- оваа мисија и ја оставам на катедрата за политички науки на Јустинијан Први, која за промена, еве, може да почне да работи нешто во својата сфера, а тоа да не е лапање на солени хонорари од кабинетите на Заев и Пендаровски – па иако тоа не ми е намера, ќе глумам енглез.

Според последните анкети на две релевантни агенции за истражување на јавното мислење, овој „Meltdown“ е емпириски потврден. На пример, запрашни колку ја одобруваат работата на Владата, половина од испитаниците во анкетата на „М-Проспект“, односно (51.3%), одговараат негативно, додека 43.8% ја одобруваат работата.

Слична е и ситуацијата во анкетата на „ИПИС“, агенција раководена од ретко-кадарен политички научник, каде за прв пат ВМРО-ДПМНЕ влезе во предност и освен „само кај Македонците“ води вкупно на целата територија, што значи, ако утре се гласа за нов парламентарен состав 21,2 отсто од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, наспроти 19,5 отсто за СДСМ.

Ова брзо топење на предноста од претседателските избори не е случајно. Овој „Meltdown“ е резултат на „црната чума“ од настани и скандали кои ја зафатија власта во многу краток период.

Пишува: Љупчо Златев

Целиот текст може да го прочитате на Лидер.

Локални избори 2021