сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 101
home Вести

Ова е ќерката на Кензо Танге кој е најзаслужен за изградбата на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 (ФОТО)

Ова е ќерката на Кензо Танге кој е најзаслужен за изградбата на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 (ФОТО)

Денеска се одбележуваат 55 години од катастрофалниот земјотрес кој во 1963-та година го срамни со земја Скопје.

По катастрофалниот земјотрес Скопје одново почнало да се гради според планот на Кензо Танге кој бил поддржан од Обединетите нации, а делумно спроведен од наши архитекти.

Планот бил делумно реализиран, а речиси завршен во 1980-та година, по оваа година било создаден нов град кој не покажувал знаци на земјотрес.

Доказ дека Кензо Танге имал голема улога во изградбата на градот се денешните градби кои се уште сведочат за едно поинакво Скопје од минатиот век.

Македонската амбасада во Токио по отворањето во 2015 година по тој повод постхумно и врачила благодарница на ќерката на Танге кој е најзаслужен за повторното „раѓање“ на градот.

По повод одбележувањето на денешниот ден Македонската амбасада на чело со амбасадорката Андријана Цветковиќ неодамна оствари и средба со ќерката на архитектот со кого се присетија за легендарниот проект на Кензо.

Најнови вести

Коронавирус