среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 22
home Вести

Отворено писмо на Македонците во Хрватска до Зоран Заев – бараат негова итна и и неоповиклива оставка

Отворено писмо на Македонците во Хрватска до Зоран Заев – бараат негова итна и и неоповиклива оставка

„Господине Зоран Заев. Дами и господа членови на владата на Р.Македонија. Ви се обраќаме од името на Граѓанската иницијатива на Македонците во Р.Хрватска. Бројот на Македонци во Р.Хрватска секојдневно расте, што нам од една страна ни е драго ,не има повеќе ,меѓусебно се поврзуваме и соработуваме , но од друга страна е страшно и тажно за Р.Македонија бидејќи нејзините граѓани ја напуштаат земјата. Голем дел од нас сме овде токму поради лошата политика што ја водите вие и сите претходни влади на Р.М. кои нам младите политички неопределените не ни пруживте прилика и можност за нормален и достоинствен живот. Другиот дел граѓани се луѓе кои врз основ на останати причини и животни околности одлучиле Р.Хрватска да биде нивни дом.

Како и да е , сите ние сме единствени и едногласно ви порачуваме: Доста е ! Не повеќе господине Заев! Не продолжувајте со јавното понижување, исмевање и продавање на националниот идентитет,интегритет, јазик, историја, култура и традиција на Македонскиот народ и Македонија. Иницијативата на граѓани Македонци од Р.Хрватска бара итна и неоповиклива оставка на Зоран Заев.

До сега не сме делувале со забелешки и протестни писма за многу и те како битни прашања за Р.Македонија кои се однесувале за нејзиното внатрешно политичко уредување, не затоа што не сме имале право,свој став и мислење туку поради идејата и мислата тоа право да им го препуштиме на нашите роднини,пријатели,нашите семејства, нашиот народ кој тамо живее а не нам кои сме се одселиле. Но овој пат после вашиот невиден преседан со интервјуто на Бугарската телевизија БГНЕС вие предизвикавте огромна болка на секој здраворазумен Македонец бидејќи посегнавте по нашиот национален идентитет. Посегнавте по основните човечки права и слободи на самоопределување и изјаснување за национална припадност. Посегнавте по светињите на еден народ а тоа се неговата историја,јазик,и останатите обележја кои не прават тоа што сме ,ние сме Македонци.

Ние македонците во Р.Хрватска сме високо ценети од страна на Хрватската држава. Р.Хрватска без преговори и услови ги даде сите човекови права на нас Македонците. Ни даде право на самоопределба ,право на изјаснување на својата национална и верска определба, право на образование на свој мајчин јазик, право на изградба на прва православна македонска црква воопшто на овие простори, право на учество во локалната самоуправа ,право на учество во политичкиот и јавен живот на државата. Право на застапеност во медиумите како и многу други човекови права токму поради нашето гордо и достоинствено декларирање како Македонци. Ние сме признати како вредни,трудолјубиви,лојални и ценети граѓани на оваа држава токму поради нашиот идентитет како Македонци.

 Отворено протестно писмо до премиерот Зоран Заев и членовите на Владата на Р.Македонија

Коронавирус