сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 60
home Вести

Отворени телефонски линии за психолошка поддршка на вработените во МВР

Отворени телефонски линии за психолошка поддршка на вработените во МВР

Министерството за внатрешни работи ги известува своите вработени дека од денеска во функција се пуштени три телефонски линии на кои стручни лица – психолози вработени во министерството ќе им бидат на располагање за разговор и психолошка поддршка на полициските службеници и нивните семејства во полесно надминување на овие тешки времиња во справувањето со состојбата со коронавирусот.

Телефонските броеви на кои ќе може да се јавуваат полициските службеници се следниве:

072/911-704, 072/911-705 и 072/911-706 и истите ќе бидат отворени од 09 до 21 часот во текот на денот, а по потреба и по завршување на овие часови. Отворањето на овие телефонски линии се во насока на заштита на менталното здравје на вработените во министерството, односно на полициските службеници кои секогаш се во првите редови во справување со коронавирусот, лицата кои се во изолација и нивните семејства.

-Советите и поддршката што ќе ги добијат од психолозите преку телефонската линија имаат за цел  полесно справување со стравот, анксиозноста, паниката, чувството на  беспомошност, тага, опсесивност и негативни мисли кои се јавуваат во вакви кризни ситуации. Министерството за внатрешни работи во овие тешки времиња за сите нас упатува порака до полициските службеници дека не се оставени сами на себе и дека раководството ги презема сите потребни мерки за адекватна помош и заштита во моментите кои сите заедно сплотени полесно ќе ги надминеме, информираат од МВР.

Најнови вести

Коронавирус