недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 90
home Вести

Отворени телефонски броеви за донации за повредените во земјотресот во Албанија! 070/075/077 143 400

Отворени телефонски броеви за донации за повредените во земјотресот во Албанија! 070/075/077 143 400

Црвениот крст на Република Македонија изразувасочувство до граѓаните, семејствата и институциитена Албанија, за жртвите од земјотресот. Во исто време, сме со мисли, надеж и верба да бројот на жртвите не се зголеми и посакуваме брзо оздравување.

Црвениот крст ја следи состојбата на терен и е во постојан контакт со Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, Албанскиoт Црвен крст и владините институции со цел утврдување на приоритетните потреби на терен и организирање на хуманитарен одговор.

Црвениот крст на РСМ донесе одлука од сопствени резерви да додели првична парична помош во висина од 10 000 евра наменета за жртвите од земјотресот, како и материјална хуманитарна помош:

Воедно ги објавуваме и телефонските броеви за донации „ 070/075/077 143 400 “ како и бројот на жиро сметката на фондот за солидарност „ 300000001327966 “каде што заинтересираните граѓани може да уплатат парични средства.

Заинтересирани лица од други земји може да донираат на:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSSOF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

Исто така се понудени тимови за одговор при катастрофи од Црвениот крст на РСМ за помош и поддршка на Албанскиот Црвен крст во справување со последиците од земјотресот. По направените проценки наредните денови Црвениот крст на РСМ дополнително ќе се ангажира за обезбедување на хуманитарна помош.

Коронавирус