вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 134
home Вести

Отворен ден на Противпожарната бригада на Град Скопје

Отворен ден на Противпожарната бригада на Град Скопје

По повод Денот на пожарникарството во Македонија денеска и утре скопјани ќе имаат можност да се запознаат со функционирањето и работата на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.

Заинтересираните граѓани ќе може за време на викендов во периодот од 10 до 18 часот да го посетат седиштето на ТППЕ во Автокоманда каде вработените во противпожарната единица ќе ја презентираат опремата со која располагаат и ќе информираат за своите активности.

Отворениот ден за граѓаните го организираат Град Скопје и Територијалната противпожарна бригада на градот.

– Организацијата на Отворениот ден во противпожарна единица на Град Скопје е уште една од бројните активностите за зголемување на транспарентноста во работењето. Претходно, Градот Скопје организираше отворен ден и во Центарот за управување и контрола на сообраќајот, велат од Град Скопје.

(Миа)