недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 242
Во живо

ВО ЖИВО: Прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

home Вести

Отстранета таблата: Александар Македонски веќе не е историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја (ФОТО)

Отстранета таблата: Александар Македонски веќе не е историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја (ФОТО)

Таблата која вчера беше поставена на споменикот „Воин на коњ“, на која пишува дека припаѓа на хеленската историја, не издржа ниту 24 часа- експресно беше отстранета.

Јавноста остро реагираше на најавата дека според договореното од Преспанскиот договор, треба да се отстранат сите симболи Сонцето од Вергина, а на спомениците како „Воин на коњ„ и „Олимпијада“ и уште неколку во неколку други градови, треба да се постават табли дека тие фигури припаѓаат на античката хеленска култура.

-Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ, стои на ознаката на споменикот „Воин на коњ“ на централниот плоштад во Скопје.

Наведеното на ознаките е напишано на македонски, на албански и на англиски јазик.

Инаку, поставувањето ознаки на спомениците и отстранувањето и Сонцето од Вергина од симболите на јавните институции и на јавните простори, но и од јавните објекти и површини, е согласно Договорот од Преспа на кој се обврза македонската влада.

Локални избори 2021