недела, 21. јули 2019. Вести денес: 63
home Вести

Отстранет кампот на „Македонија блокира“ од Жена парк

Отстранет кампот на „Македонија блокира“ од Жена парк

Утрината комунални служби ги чистеа остатоците од кампот на групата која под покровителство на ,,Единствена Македонија“ на Јанко Бачев, неколку месеци кампираше во ,,Жена парк“, спроти Собранието на РМ.

Импровизираните камп куќарки, шаторите и другите реквизити се отстранети во текот на ноќта. Демонстрантите што престојуваа тука повеќе месеци ги нема.

Тие во текот на изминатиот период, секој ден попладне ја блокираа сообраќајницата пред македонскиот Парламент, поради промената на името и уставните измени.