недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 84
home Вести

Отсега нема да може да земете лекарства од аптека за болен роднина- Лекови на рецепт само лично со лична карта

Отсега нема да може да земете лекарства од аптека за болен роднина- Лекови на рецепт само лично со лична карта

Министерот за здравство Венко Филипче најави и дека со укинување на квотите, рецептите пациентите ќе може да ги подигнат само лично, односно со лична карта. Во туѓо име ќе може да се подигне само рецепт за неподвижни лица.

Тоа би значело дека болните ќе мораат сами да одат до аптека да ги подигнат потребните лекарства, односно во нивно име нема да може никој да ги подигне.

Овој новитет денеска беше најавен од министерот Филипче.

На прашањето зошто се јавувал недостигот кога лекови на рецепт препишуваат само матичните лекари во градот во кој пациентот живее, Филипче појасни дека туристите рецептите од матичен ги носеле во туристичките центри и таму ги подигале.

Тој смета и дека ова селективно укинување на квотите за лекови во аптеките не ги дели граѓаните, на повластени или не, бидејќи ова прашање е регулирано не со Устав и закон туку со правилник кој утрово Фондот за здравство го изменил.

Наесен се планира укинување на квотите и во другите градови.

 

Коронавирус