сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 35
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ на протест пред Регулаторната комисија за енергетика против поскапената струја

home Вести

Отпуштените работници од „Веибо груп” на протест: Ги бараат неисплатените плати и придонеси

Отпуштените работници од „Веибо груп” на протест: Ги бараат неисплатените плати и придонеси

Неисплатени три плати, придонеси за пензиско и здравствено осигурување и К-15, се причините поради кои поранешните вработени во текстилната фабрика „Веибо груп” во Крива Паланка изутрината неколку часа го блокираа магистралниот пат Куманово-Крива Паланка.

Протестот следува откако по осум дена на одмор, работниците кои требаше денеска да се вратат на работа, околу двесте лица, денеска беа отпуштени.

Вратите на компанијата останаа затворени, а работниците по пристигнувањето пред „Веибо“ во седум часот утринава, откако наидоа на заклучена рампа во дворот, пристапија кон блокада на патот.

– Нема да се откажеме од платите и нема да дозволиме да бидеме дополнително оштетени. Доволно беше тоа што работевме под притисоци, со навреди и прекувремени работни часови кои не беа ниту регистрирани, ниту платени, велат работниците. Бевме постојано под притисоци и моравме да работиме и по десет часа, и во сабота и недела, а претпоставените не уценуваа дека доколку не останеме прекувремено, ќе бидеме отпуштени, велат дел од вработените.

Тие се обратиле до Здружението за кожарски, чевларски и текстилни работници „Гласен текстилец“ од Штип, кои најавија поддршка за костварување на нивните права.

-Не може и не смее да се дозволи оваа голгота на работниците да трае, зашто траела со нивното прекувремено работење, а продолжува со отпуштањето и неисплаќање. Трудовиот и пазарен инспекторат не постапиле иако имало низа неправилности. Можат барем сега и тие и УЈП да му застанат на патот на раководството и да заземат страна на обесправените, вршејќи си ја само нивната работа. Веќе сме во фаза на преговори за ангажирање локален адвокат кој ќе ги брани правата на работниците, кои со сметки кои им се доспеани и со неподмирени бројни трошоци, нема каде да бараат спас, рече Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“.

На работниците им се обрати и градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, кој од работниците побара формирање Иницијативен одбор кој ќе ги застапува нивните интереси.

-И ние како локална самоуправа, но и раководството на државата и Владата, се залагаат за почитување на работничките права, пред се осумчасовно работно време и минимална плата од 12.000 денари која беше утврдена пред извесен период. Она што се случуваше минатиот период во овој погон на „Веибо“ е недозволиво. Јас лично во неколку наврати реагирав и до Управата за јавни приходи и до трудовиот и пазарен инспекторат, но немаше доволно слух за регулирање на состојбите, а локалната самоуправа нема ингеренции врз нивната работа, изјави Мицевски на средбата со текстилните работници.

Тој посочи дека се прават напори што поскоро да се изнајде решение од ваквата стостојба.

-Во 2014 година поранешниот премиер, Никола Груевски, најави инвестиција од 400 милиони евра од кои во првата година, ветени беа 180 милиони евра и вработување на 5.000 лица во „Веибо“, но од тоа немаше ништо и дури и овие 200 работници останаа на улица. „Веибо Гармент“ која подоцна е преземена од „Веибо Македонија“ е фирма зад која стојат „Кара “ и „Монт“, две сестрински фирми на Орце Камчев, така што во овој погон нема ни денар странски инвестиции. А таа спрега од централно ниво, била поддржана со амнестирања и поволности и на локално ниво. Фирмата „Веибо“ нема платено ниту денар данок за изминатите четири години на општина Крива Паланка, а тоа е криминал, ваков голем погон да не плаќа данок толкав голем период, додаде Мицевски.

Нагласи дека ќе инсистира во рамки на своите можности, овие неправилности да се разрешат, да им се исплатат и платите и надоместоците на работниците. Најави преговори веќе за утре со заинтересиран стопанственик од Гевгелија.

МИА

Најнови вести

Коронавирус