понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 58
home Вести

Отпушен од болница и последниот повреден во автобуската несреќа во Бугарија

Отпушен од болница и последниот повреден во автобуската несреќа во Бугарија
МИА

Последниот пациент кој беше повреден во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, денеска е отпуштен од Клиниката за неврохирургија на болницата Пирогов во Софија.

Медицински тим од Република Македонија попладнево го пренесува пациентот во татковината, јави дописникот на МИА од Софија.

Ова е седмиот повреден во инцидентот на 23 ноември во кој загинаа 45 лица, државјани на Северна Македонија.

Во денешното соопштение од болницата Пирогов се вели дека сите странски државјани кои ја преживеале несреќата на автопатот Струма се пренесени и нивната состојба се следи во Република Северна Македонија и Република Србија по нивното отпуштање од Пирогов.

Коронавирус