понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 100
home Вести

Откриен нов метод, Николовски ќе се борел против корупцијата со мотивациско писмо?!

Откриен нов метод, Николовски ќе се борел против корупцијата со мотивациско писмо?!

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, Љупчо Николовски го откри мотивациското писмо како „нов метод“ за борба против корупцијата. Да не беше трагично, ќе беше смешно, би рекол нашиот народ.

За директорите кои Владата ќе ги именува и за членовите на надзорните и управните одбори ќе биде објавен конкурс, а тие ќе треба сега да поднесат мотивациско писмо и програма за работа.

Николовски вчера истакна дека „тоа е голема промена“ и на ваков начин ќе се изберат вистински професионални кадри.
Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот зборува за нови страндарди и нови пракси кои ако го сочинуваат ново откриениот метод на мотивационо писмо, тешко и се пишува на борбата против корупција.

Откако Николовски откри дека ќе се бори против криминалот со мотивациско писмо, за какви „нови европски“ реформи зборува Владата, која има над 40-тина препораки во делот на корупцијата само од Трансперенси интернешнл.

Минатата година да се потсетиме дека ГРЕКО упати сериозни препораки во евалуацијата каде ја процени состојбата во Македонија со корупцијата како „сериозен проблем“ особно во делот на интегритетот и одговорноста на јавните службеници и институциите. Во ист извештај од 2020 година ГРЕКО наведе дека само 48 % од препораките се делумно спроведени, а 20% не се воопшто спроведени.

-Имплементацијата на ефективни мерки за борба против корупцијата и промовирањето на интегритетот и транспарентноста, треба да биде приоритет на јавните власти во секое време. Тие треба да ги интензивираат напорите за целосно спроведување на препораките на ГРЕКО, вели Марија Пејчиновиќ Буриќ, генерален секретар на Советот на Европа.

Пред неколку месеци според Ивештајот на Транспаренси интернешнл, Македонија е во континуиран пад според индексот на перцепција на корупцијата, па назадувањето беше бележано на 106-то место од вкупно 180 држави во светот.

Воведувањето на вакви предлози како програми за работа и мотивациони писма за идните вршители на јавни функции не може да се смета воопшто за некаков напредок во изнаоѓање на решенија за борба против корупцијата. Имено кога човек аплицира за нова работа секако дека ќе приложи мотивациско писмо, можеби на вицепремиерот тоа му е нова работа и „нов метод“ , но функционира насекаде во светот.

Наспроти ваквите „нови методи“, Македонија продолжува да е на дното на листите во регионот по владеење на корупцијата и ова наместо навистина да ги загрижи властите во насока на креирање на сериозни конкретни мерки и механизми за борба против корупцијата особено во јавниот сектор, вицепремиерот Николовски во безидејност на старт од неговиот мандат предложува смешен нов метод, како што вели „нова пракса“ на аплицирање на идните јавни функционери, кои сега ќе се бираат ни помалку, ни повеќе со мотивациско писмо.

Се чини дека борбата против корупцијата од старт на оваа старо-нова влада предложувајќи вакви „нови“ пракси е осудена на пропаст и далеку од европските очекувања за реформи во земјава.

Коронавирус