сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Откажани сите спортски натпревари: Утре голем протест во Солун за името Македонија

Откажани сите спортски натпревари: Утре голем протест во Солун за името Македонија

Под паролата: “Никој не смее да го узурпира светото име Македонија” утре се очекува на протест во Солун да излезат илјадници граѓани на соседна Грција. За поголема масовност, грчките медимуи пишуваат дека се откажани сите спортски натпревари за утре.

Барањата се исти како и во 90-те години кога цела Грција се крена за да бара екслузивност на името Македонија и наследството на Александар Велики.

Тогаш, во 1992 година, во националистичкиот балкански контекст, насекаде можеше да се чуе слоганот “Македонија е грчка” и на протестот се собраа над милион демонстранти во Солун.

Спорот, во главно, е плод на несогласувањето на Република Грција да го прифати уставното име Македонија. Привременото решение „поранешна Југословенска Република Македонија“ (во англиската верзија ” the former Yugoslav Republic of Macedonia”), покрај Република Грција, го користат и неколку други земји кои не го признаваат уставното име на Македонија.

Сепак сите членки на Обединетите Нации, и самиот ОН како целина, се согласни да го прифатат решението што ќе произлезе како резултат на меѓусебните разговори на двете земји.

Коронавирус