недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 71
home Вести

Откажана собраниската комисијата на која требаше да се разгледува пописот

Откажана собраниската комисијата на која требаше да се разгледува пописот

Откажана е денешната расправа на собраниската Комисија за европски прашања, на која денеска требаше да биде разгледан Предлог-законот за попис кој е планирано да биде реализиран во 2020-та година.

Комисијата утрово е тргната од дневните активности на веб страницата на Собранието.

Предлог-законoт за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2020 година е во собраниска процедура со европско знаменце. Со законот чие донесување се предлага се предвидуваат средства во износ од 522.751.000 денари, кои треба да се обезбедат од Буџетот на Република Македонија.

-Со донесувањето на предложениот закон, Република Македонија на меѓународен план ќе ги исполни обврските од меѓународните акти донесени од надлежни тела и органи, а истовремено, податоците што ќе се добијат со пописот ќе претставуваат солидна основа за потребите на општеството во целина, се вели во законското образложение.

ВМРО-ДПМНЕ вчера реагираше за овој Предлог-закон и начинот на кој требаше да биде донесен.

-Законот е изготвен без консултации и со ставање на европско знаменце, власта се обидува да протне законски текст без јавна дебата, реагираат од опозицијата.