четврток, 18. јули 2019. Вести денес: 113
home Вести

Откако набави луксузни фотелји од телешка кожа, МЕПСО распиша тендер за авиобилети вреден 84 илјади евра

Откако набави луксузни фотелји од телешка кожа, МЕПСО распиша тендер за авиобилети вреден 84 илјади евра

АД МЕПСО распиша оглас за набавка на авио билети – резервација и набавка на услуги за воздушен транспорт на луѓе за временски период од 2 години. Проценетата вредност на договорот без ДДВ е 5.166.000 денари или 84.000 евра.

Инаку, пред 20-тина дена МЕПСО склучи договор вреден 212 илјади евра, со „Леснина ми“, фирма од која ќе купат кујни, канцелариски мебел и гарнитури. Во договорот за јавна набавка, највпечатливи се 39-те парчиња клуб фотелји, за кои е потенцирано дека мора да бидат тапацирани со природна телешка кожа. За нив компанијата ќе плати речиси 14 илјади евра.

Од компанијата тврдат дека нема недомаќинско трошење пари, а мебелот не бил наменет за директорите, туку за состаноци и прием на странките.

МЕПСО често е во фокусот на јавноста по скандали дека вработува партиски кадри. Последниот случај е вработувањето на сестрата на министерот за економија Крешник Бектеши.