недела, 5. јули 2020. Вести денес: 106
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

Во живо

Мицкоски пред граѓаните во Крушево ја претставува програмата на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

Откако избрзаа да ги укинат ограничувањата: Комисијата размислува за враќање на полицискиот час во три македонски градови

Откако избрзаа да ги укинат ограничувањата: Комисијата размислува за враќање на полицискиот час во три македонски градови

Поради зголемениот број нови случаи на заразени со коронавирус во дел од скопските општини, Тетово и Штип, на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести се разговарало за можно враќање на полицискиот час во овие три места, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во комисијата.  Според нашите извори од комисијата, критични се Чаир, Штип и Тетово.

„Се размислува да се врати полицискиот час во Скопје, Тетово и Штип, најмногу поради тоа што младите се собираат по паркови, на Водно и слично, а сендвичарите, пицериите и пекарите, сите работат и по 22 часот, практично цела ноќ“, вели еден од изворите, кој не е овластен да дава официјални изјави.

Логиката на комисијата да се врати полицискиот час само во овие три града е врз основа на податоците дека во 15 града веќе нема активни случаи, а на други места по само неколку случаи кои се држат под контрола.

Добра вест, велат извори на СДК, е што од новите случаи, 80 отсто се од познати контакти. За Чаир и Тетово велат дека се од семејни забави и се зафатени цели фамилии, а во Штип се текстилни работнички од една конфекција, но се размислува да се затворат сите конфекции на две недели, бидејќи почнале да се појавуваат изолирани случаи и по други конфекции поради заeдничкото возење во автобус на работнички од различни фабрики. Идејата е да се затворат на две недели сите конфекции кои го користеле тој превоз за да се запечати ширењето на вирусот.

Од друга страна, постои стравување дека поради зголемениот број новозаразени во главниот град, вирусот да се рашири и низ другите места, посебно што следува продолжен викенд за православните верници поради празникот Духовден в петок и можно е скопјани масовно да заминат по други градови и викендички, пишува порталот.

Парламентарни избори 2020