петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 87
home Вести

Откако ги укинаа сега повторно ги враќаат економските промотори- СДСМ призна дека економските политики на ВМРО-ДПМНЕ покажале голем успех за Македонија

Откако ги укинаа сега повторно ги враќаат економските промотори- СДСМ призна дека економските политики на ВМРО-ДПМНЕ покажале голем успех за Македонија

Откако во 2017 година владата и премиерот Зоран Заев ги укина економските промотори на Република Македонија, денес ги враќа каде што наместо Агенцијата за странски инвестиции, сега преку Дирекцијата за слободни зони предвидено е да бидат ангажирани околу 30 лица кои ќе бидат распоредени во 3 канцеларии, Америка, Германија  Турција.

СДСМ и премиерот Зоран Заев и заменик претседателот на владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев ветуваа дека за подобрување на економската политика како и за инвестирање на поголем број на странски компании ќе воведат економски атешеа на местото на економските промотори кои беа ангажирани од Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Но, и после две години од владата на СДСМ  откако ги повлече економските промотори, никако не заживеа идејата за економски атешеа. Наместо тоа, Анѓушев сега реши повторно да ги врати промоторите кои Македонија ги доби во 2008 година во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, а ги имаше вкупни 33 во светот.

Според Анѓушев, надлежностите на економските промотори ќе бидат исти како оние економски промотори на  претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Првите промотори државата ги доби во 2008 година, до средината на 2017 година имаше вкупно 33 во светот.

Дека СДСМ , премиерот Заев и Анѓушев носат лоши економски политики кои се на штета на државата и граѓаните е се поочигледно. Дали новите економски промотори ќе го имаат истиот успех како оние ангажирани од владата на ВМРО-ДПМНЕ или ќе бидат само партиски активисти поставени на тие функции останува да видиме.