сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 77
home Вести

Откако ги нападна граѓаните, стана дрзок и кон новинарите: Пред да ме опањкавате во медиуми, цврст сум како куче

Откако ги нападна граѓаните, стана дрзок и кон новинарите: Пред да ме опањкавате во медиуми, цврст сум како куче

Епидемиолгот и претседател на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, не смета дека треба да понесе било каква одговорност откако бројот на заразени и починати од коронавирусот во Македонија се зголеми.

Тој прво ги обвини граѓаните за вториот бран на коронавирусот, но не штедеше критики ниту за политичарите и новинарите.

-Не сум убил некој да чувствувам одговорност, сум давал стручно мислење за одредени прблеми во државата. Јас сум 27 години професионалец во 13 министерски влади кои биле претходно. Сè што работам, работам во интерес на државата, а тоа колку пати не сум ручал, вечерал или дошол дома, тоа јас знам, рече Караџовски.

По катастрофалното справување со коронавирусот, новинарите го прашаа Караџовски за негова одговорност, па тој се стави себеси во улога на уредник и почна да им наредува што да прашуваат и како да информираат.

-Пред да ме опањкавате во медиуми, цврст сум како куче-  затоа ќе  издржам, порача тој.

Тој стана дрзок кон нив и им делеше лекции како да информираат.

 

Коронавирус