вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 104
home Вести

Откако Бени Шаќири се судри со Шилегов, сестрата Нора остана без работа

Откако Бени Шаќири се судри со Шилегов, сестрата Нора остана без работа

Нора Шаќири Марковиќ е разрешена од функција в.д. директорка на „Театар комедија“, потврдија од Министерството за култура за МКД.мк. Одлуката за нејзино разрешување ја донесе министерката за култура Ирена Стефоска по добиениот извештај од Државниот инспекторат за труд. За нова директорка е назначена актерката Магдалена Ризова Черних.

„Во Извештајот е констатирано дека раководното лице презело активности спротивни на член 34, став 1, алинеа 3, од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, член 8-а став 1 алиниеа 3 од Изборниот законик и член 11 од Законот за заштита од вознемирување на работно место. Со тоа се потврдува дека раководното лице водело и ја завршило дисциплинската постапка врз вработени во време на изборен процес“, се вели во одговорот за МКД.мк од Министерството за култура.

За нов в.д. директор на НУ „Театар комедија“ е назначена актерката Магдалена Ризова Черних која и е вработена во театарот, информираат од Министерството.

Инаку, минатата недела во театарот влегла вонредна инспекциска контрола по пријава, според која, како што тогаш беше објавено во некои медиуми, Шаќири-Марковиќ вршела мобинг и психичко вознемирување врз вработените во „Театар комедија“.

За медиумите тогаш таа изјави дека таквиот навод не е точен и дека е најдобро да се прашаат самите вработени и додаде дека „Театар комедија“ токму сега, иако уште е пандемиско време, работи со полна пареа и има претстави кои се добро посетени.

Инаку, ова следи откако кандидатот за градоначалник на Град Скопје на овогодинешните локални избори, Бени Шаќири, се судри со Петре Шилегов.

Шакири тогаш објасни, односно ја демантираше изјавата на Петре Шилегов дека тие се пријатели и дека всусшност Шилегов нема да ги добие неговите гласови во вториот круг.

– Актуелниот градоначалник Петре Шилегов веќе три и пол години е пасивен и сега прави офанзивна во последните месец дена. Од првиот ден треба да се засукаат ракавите, не постои проект на кој му требаат 10 и повеќе години. За помалите проекти не постои нешто што не може да се заврши од пола до една година. Јас сум само познаник со него, ние не сме пријатели и секако нема да ги добие моите гласови во вториот круг, појасни Шаќири за неговиот однос со сегашниот градоначалник, во гостување на дневникот на ТВ Сител.

Коронавирус