недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 84
home Вести

„Освен што вози мотори со Заев, Филипче си барал и провизии од набавката на вакцините- неговите провизии чинат 7,8 милиони евра и 1.000 мртви месечно“

„Освен што вози мотори со Заев, Филипче си барал и провизии од набавката на вакцините- неговите провизии чинат 7,8 милиони евра и 1.000 мртви месечно“

Освен што вози мотори со Заев, Филипче си барал и провизии од набавката на вакцините. Провизиите на Филипче чинат 7,8 милиони евра и 1.000 мртви месечно. Заради желбата на Филипче богатење, Македонија е на врвот во светот со најмногу починати на милион жители од коронавирусот и во најлошите три земји по вакцинација во Европа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заради алчноста и неспособноста на Филипче, Македонија денеска надмина 5.000 починати, што е како да исчезнал еден цел град како Македонска Каменица, а повеќе отколку што имаат жители Валандово, Пехчево, Македонски Брод или Демир Капија. Додека сите набавуваа вакцини, Филипче бркаше провизии и затоа нема ден да нема двоцифрена бројка на починати од коронавирусот, а тој во меѓувреме си се вози со мотори или хеликоптери, стои во партиската реакција и се додава:

„Фатени се со рацете во медот, документите покажуваат дека платил 7,8 милиони евра на фантомска фирма од Хонг Конг со тројца вработени, за дупло поскапи вакцини од реалната цена. СДСМ и владата претходно негираа, за потоа да признаат дека навистина платиле. На СДСМ не може да им се верува. Наместо да спасуваат животи, гледаа да полнат џебови и за тоа ќе одговараат“.

ЕУРО 2020

Македонија