четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 125
home Вести

Осумдесет деца и вработени заразени, скоро 400 во изолација, а Шахпаска нема решение за градинките

Осумдесет деца и вработени заразени, скоро 400 во изолација, а Шахпаска нема решение за градинките

Поминаа повеќе од месец откако се отворија градинките во државата, а бројот на новозаразени од КОВИД-19 во градинките континуирано расте. Според последните информации досега има вкупно 18 деца и 55 вработени позитивни на корона вирусот, а во изолација се вкупно 309 дечиња и околу 50-тина вработени. Поради овие бројки кај родителите се појави прашањето дали надлежните мислат да превземат нешто се со цел да се спречи ширењето на вирусот.

-Мојата ќерка има 4 години и оди во градинка. Во нивната група се појави позитивен случај на КОВИД-19. Исто така дознавме дека има и неколку деца на кои родителите им се позитивни на вирусот и се во изолација. Од градинката не ни посочуваат ништо во целата оваа ситуација, вели родител.

По овие бројки на заразени, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска посочи дека состојбата се следи и во консултации и соработка со здравствените и локалните власти ќе се носат одлуки.

– Будно се следи состојбата. Ќе носиме одлуки заедно со локалните самоуправи затоа штоне секаде епидемиолошката состојба е иста, речеШахпаска.

Во меѓувреме корона вирусот ја затвори градинката со најмалку деца или со 20 деца во Прилеп, а уште 15 деца се во изолација од друга градинка. Имено децата се пратени воизолација зашто позитивни на коронавирусот се две негувателки. Во изолација од оваа градинка се и осумте члена на персоналот.

Коронавирус