понеделник, 12. април 2021. Вести денес: 132
home Вести

Осум специјалисти од приватните болници од утре на располагање на скопските клиники

Осум специјалисти од приватните болници од утре на располагање на скопските клиники

Осум лекари од приватните болници од утре ќе бидат на распогање на јавното здравство и ќе се вклучат во постојниот систем на ротација во рамките на клиниките во Скопје, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Ова како што кажа, било договорено на вчерашниот состанок со медицинските директори на трите приватни боилници, „Ремедика”, „Жан Митрев” и „Систина” во однос на помош на јавното здравство во спрапување со ковид-пандемијата.

-Веќе од утре треба да бидат на располагање пет лекари од болницата Систина, двајца од болницата Ремедика и веројатно еден од болницата Жан Митрев, иако првичната најава беше дека голем број од здравствениот кадар се на боледување дека ќе може да пренасочат еден лекар да биде на располање. Оваа бројка на колеги лекари – специјалисти ќе биде во истиот систем на ротација во рамките на клиниките во Скопје, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

Во однос на цените на здравствените услуги во двете приватни болници – Систина и Жан Митрев, каде се лекуваат ковид-пацинети, на состанокот министерот побарал нивно намалување, но го повтори ставот дека формално-правно државата нема никаков механизам да влијае на цените во приватното здравство.

-Иако апелирав тоа да се направи затоа што е криза, затоа што е пандемија која е специфично прашање насекаде во светот, др. Жан Митрев изрази спремност и рече дека денеска ќе потврди дали ќе ги намали цените за одреден процент, а од Систина јасно ми кажаа дека тоа не може да го направат заради тоа што немале економска логика, рече Филипче.

За можноста за нови вработувања во Брзата помош, која моментно работи со седум екипи, а за што веќе е поднесено барање до Министерството за финансии, министерот за здравство потврди дека повеќе пати досега разговарал со министерот за финансии, не само за оваа здравствена установа, туку за сите ширум државата, но најави дека во однос за конкретново барање, ќе се заинтересира и дополнително ќе информира.

-Подолго време се чекаа согласности за луѓе кои се со договор на дело, и сега постепено ги добиваат сите како позитивно мислење. Таму каде што добија негативно мислење повторно се пратени писмата и тоа беше договорено со министерот за финансии. Стигна и согласност за младите лиценцирани лекари, близу 90, кои треба да го започнат стажот кој што е платен, рече Филипче.

Коронавирус