четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 26
home Вести

Осум починати пациенти и 404 новозаболени

Осум починати пациенти и 404 новозаболени

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2727 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19.

Скопје – 180, Охрид – 32 , Кавадарци -19, Куманово – 16, Битола, Струмица и Струга по 15, Прилеп – 11, Тетово -10 , Велес – 9, Штип – 8, Дебар и Ресен по 7, Кочани, Гевгелија и Делчево по 6, Гостивар – 5 , Кичево, Неготино, Крива Паланка, Радовиш, Берово, Пробиштип и Валандово по 4, , Крушево – 2 , Свети Николе, Демир Хисар , Македонски Брод , Кратово, Македонска Каменица и Дојран по 1.

Регистрирани се 101 оздравени пациенти од:

Скопје – 39, Велес -10, Ресен и Куманово по 9, Гостивар 6, Битола и Кичево по 5, Струмица – 3, Прилеп, Штип, Кавадарци, Свети Николе и Неготино по 2, Тетово, Крива Паланка, Пробиштип, Демир Хисар и Македонски Брод по 1.

Пријавени се вкупно 8 починати лица. Починати се 2 пациенти од Скопје(53, 60г), по еден смртен случај е регистриран од Штип (70г), Струга (88г), Струмица (55г), Дебар (67г), Радовиш(79г) и Берово (83г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Направените 2727 теста се преку: ИЈЗ-499, ЦЈЗ Скопје-71, Авицена-227, Биотек-157, Жан Митрев (Филип Втори)-243, Систина-184, лабораторија Лаор–248, МАНУ-119, Судска медицина-3, ЦЈЗ Битола-113, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-4, ГАК-0, Синлаб-84, Ремедика-25, лабораторија болница Козле-43, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 700, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-5, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 468.845 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.599, бројката на оздравени пациенти е 83.735, на починати е 2.916, а бројот на активни случаи изнесува 7.948.

ЕУРО 2020

Македонија