недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 91
home Вести

„Осудените за аферата Мафија добија само 2 години казна и не беа обвинети за другите сторени дела затоа што така се договорени со вистинските нарачатели да се делат пасошите“

„Осудените за аферата Мафија добија само 2 години казна и не беа обвинети за другите сторени дела затоа што така се договорени со вистинските нарачатели да се делат пасошите“

Осудените за лажните пасоши добија само по две години и не беа осудени и за другите дела ко ги сториле затоа што така се договорени со вистинските сторители и налогодавачи да патните исправи се делат на криминалци кои се дел од мафиите, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по денешната средба со Пендаровски.

Мицкоски вели дека осудените ја добија казната само за злоупотреба на службена положба, но не и за другите дела како фалсификување на патна исправа нема никаде во обвинението, злосторничко здружување нема никаде.

– Вчера имавме судска пресуда на лица кои издавале пасоши на пола балканско подземје, на албанска мафија, на црногорска мафија, италијанска мафија, турска мафија и така натаму, а беа осудени само на 2 години затвор затоа што го признале делото злоупотреба на службена должност согласно КЗ член 353 став 3. Фалсификување на патна исправа нема никаде во обвинението, злосторничко здружување нема никаде, зошто неа беа обвинети и по овие три члена согласно КЗ, затоа што така се договорија со вистинските сторители и вистинските налогодавачи да тие патни исправи се делат на овие луѓе и зошто до ден денеска сите тие патни исправи се уште важечки, потенцираше Мицкоски.

Тој посочи дека време е во Македонија политичарите да ги држат настрана рацете од обвиненијата и судските одлуки и да се ослободат обвинителството и судството од било каков политички притисок.

ЕУРО 2020

Македонија