вторник, 16. јули 2019. Вести денес: 93
home Вести

Осуденици на 40 години затвор за Диво Насеље се напаѓачите на Јанакиески и Ристовски

Осуденици на 40 години затвор за Диво Насеље се напаѓачите на Јанакиески и Ристовски

Првиот ден од притворот, каде двајца поранешни министри завршија како осомничени за организација на крвавиот четврток- Миле Јанакиески и Спиро Ристовски биле нападнати, од нивните семејства се исплашени за безбедноста.

Од затворот Скопје, првин се огласија со соопштение во кое велат дека и Ристовски и Јанакиески вербално провоцирале во две засебни прошетки по што биле нападнати и им била пружена лекарска помош. Напаѓачи се двајца осуденици за Диво Насеље, Лирим Красниќи и Есад Кафеџоли осудени на по 40 години затвор и чекаат врховен да одлучи по нивни жалби, објави телевизија Телма. Потоа во изјава за медиумите, раководството на затворската управа го осуди насилството, вети безбедност на притворениците и најави целосна истрага.

Миле Јанакиески имал повреди на главата и на раката и барал да биде префрлен во болница. Директорот на градска болница 8-ми септември рече дека не се констатирани физички повреди и Јанакиески доцна вечерва е вратен во Шутка.