сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Остра реакција на Aлсат-M, Aлфа, Kанал 5 , Сител и Телма

Остра реакција на Aлсат-M, Aлфа, Kанал 5 , Сител и Телма

Македонската медиумска асоцијација, во која членуваат Алсат-М, Алфа, Канал 5 , Сител и Телма е непријатно изненадена од настапите на кабелската телевизија ТВ 24 во континуитет, додека се води дебата за законот за медиуми.

Телевизијата постојано и отворено ја држи страната на кабелските оператори, а против интересите на телевизиите, медиумските работници и новинарите.

Последниот инцидент се случи денеска на прес конференција  во Владата на РМ, на која се обрати министерот Дамјан Манчевски, каде што законот беше оквалификуван како цитираме дефектен –затоа што во него се предвидува елементарно почитување на авторските права .

-Со законот се лоцира одговорност и кај кабелските оператори доколку реемитуваат содржини без регулирани авторски права, нешто што досега го немаше во законот, а на ТВ 24 како телевизија, им пречи што законот ги регулира авторските права, и сметаат дека заради тоа законот ќе бил дефектен?! Такво отворено ставање на страна на беззаконието и пиратеријата, против интересите на телевизиите е срамно за оваа таканаречена телевизија, која не е ништо друго, освен гласноговорник на кабелски оператор.

Ако навистина треба да се лоцираат дефектите на Македонското медиумско работење во Македонија сметаме дека е време да ја запознаеме домашната ,но и меѓународната јавност за „дефектот“ кој со години се случува во Македонија, а тоа се сериозните сомневања за недозволена медиумска концентрација кај ТВ24 и Телекабел.  Денешниот настап на новинарот на 24 вести  јавно и недвосмислено ги потврди овие сомневања.

Новите законски решенија кои ги нападна ТВ 24 се во насока на почитување на позитивните законски прописи и заштита на  домашниот медиумски пазар но и домашните ТВ компании, кои трпат огромни штети поради константно пиратирање на странски ТВ канали, за кои дел од кабелските оператори ниту имаат, ниту пак некогаш ќе добијат права за нивно реемитување.  Јавноста треба да знае дека една таква телевизија која е во отворена промоција на пиратеријата и бизнис интересите на кабелските оператори, наместо на телевизискиот бизнис, бара да добие и национална терестријална концесија. Доколку им биде доделена, за што не сакаме да поверуваме во ниту еден момент, Македонија, како што вели и самиот министер Манчевски, ќе биде само црна дупка во заштитата на авторските права и законитоста.

Бараме од Владата, АВМУ и надлежните институции да ја испитаат очигледната спрега на ТВ 24 и Телекабел и да постапат согласно позитивните законски прописи за нелегална концентрација на медиумскиот пазар, реагираат од ММА.

Коронавирус