вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 22
home Вести

Остра дебата, Витанов контра Бектеши: Министре кажете каде имате работено пред да бидете министер, живеете во свет на припадност

Остра дебата, Витанов контра Бектеши: Министре кажете каде имате работено пред да бидете министер, живеете во свет на припадност

Во остра дебата вечерва поранешниот министер за економија Зоран Витанов, го критикуваше актуелниот министер за економија Крешник Бектеши, па му посочи дека тој живее во свет на припадност, не на компетенции, но и го праша министерот каде има работено економија пред да стане министер.

Министре кажете си го вашето CV каде имате работено пред да бидете министер ? – праша Витанов .

-Вие треба да зборувате за компетентни Македонци, Турци, Албанци, критериумот е компетенција, не етничка припадност која е непозната категорија во економијата, истакна Витанов.

Министерот Крешник Бектеши да не остане покус му рече на Витанов дека никогаш не слушнал за него, за која што реплика Витанов одговори дека пазарот го вреднувал, додека министерот што е актуелен живее во светот на припадности, тој живее во светот на компетенции.

-Мене пазарот ме вреднува, вие кажете го вашето CV вие сте на власт, јас вас ве плаќам, нема што јас на вас да ви давам отчет, вие треба на јавноста да и давате отчет, критикуваше Витанов.

Коронавирус