вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 49
home Вести

Oставката на Асим Муса се уште не стигнала во Собрание, тој и натаму оди на работа

Oставката на Асим Муса се уште не стигнала во Собрание, тој и натаму оди на работа

Три недели откако поднесе оставка од позицијата заменик министер за здравство, Асим Муса продолжува да се појавува на своето работно место. Причина за тоа е фактот дека Владата се уште не ја доставила до Собранието одлуката за негова оставка, за потоа Собранието тоа и да го констатира.

„Сите потребни процедури ќе се почитуваат, Владата се очекува наскоро до Собрание да достави и предлог за именување на нов заменик министер и веруваме дека Собранието на пленарна седница во текот на месецот ќе го разреши актуелниот во оставка и ќе именува нов заменик министер во Министерството за здравство“, изјави Мухамед Хоџа – портпарол на Владата на РСМ.

Муса присуствуваше на изборното собрание на ДУИ во Струга. Како што дознава Алсат, токму од таму доаѓа и новиот кандидат што ќе го наследи. Станува збор за лекарот Арменд Арслани. Неофицијално, тој ќе биде предложен и изгласан на 12 ноември. Од друга страна, Основното Јавно Обвинителство на Струга продолжува со истрагата во врска со видео снимките објавени во Албанија каде се гледа како Муса зема мито од 50 евра од пациент кој сака да биде опериран. Обвинителството побарало од Република Албанија да го обезбеди оригиналното видео и да се утврди кој го снимал и кој го објавил.

ИЗВОР: АЛСАТМ

Коронавирус