понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 103
home Вести

Оставка, се слушаме ли Заев – порака од десетици илјади граѓани на улица

Оставка, се слушаме ли Заев – порака од десетици илјади граѓани на улица

Дали масовните протести во организација на ВМРО-ДПМНЕ кои го артикулираат незадоволството на народот од власта ќе допрат до владата предвдена од Зоран Заев? Опозициското расположение не е ништо ново, тоа се гледа и од изборниот резултат според кој токму владата и мнозинството се на стаклени нозе.

Мафија, оставка, криминал, корупција, се дел од пораките на илјадниците граѓани кои вчера протестираа по скопските учици на кои завршна точка им беше, платото пред Кривичниот суд. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера одржа уште еден од низата тематски протести, кои ги прави на неделно ниво. На протестот, кој почна од министеството за правда, беа испратени пораки до власта од страна на насобраните граѓани, но и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Меѓу насобраните десетици илјади македонски граѓани, кои од сите страни дојдоа да го поддржат протестниот марш, на кој повика лидерот Мицкоски изразија огромна поддршка во заедничката борба против ненародната и криминална власт предводена од Зоран Заев.

„Ништо не се смени за овие 4 години од мафија. Тие, како пред четири години, така и денес ветуваат исти работи. Ќе имало правда, ќе имало ред, ќе имало дисциплина. Четири години живееме во состојба на “ќе”. Оваа “ќе” Влада живее во очекувањата кои ги креира, и нема решение на проблемите кои што денеска се тешка сурова реалност“, порача вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Но, она што особено вреди да се забележи е бројноста на луѓето кои се одѕваа на повикот на најголемата опозициска сила. Тоа само укажува дека револтот во однос на актуелните политики коишто ги спроведува владејачката гарнитура е огромен. Покажува, исто така, пак, дека сразмерно е голема и поддршката за ВМРО-ДПМНЕ. И тоа во услови кога, партијата е нападната од внатре но и од надвор со големата контрола врз медиумите и пропагандата од страна на владините чинители.

Огромната поддрша што ја добива од граѓаните, само го потврдува фактот што дека Мицкоски силни, моќно и стабилно чекори ма македонската политичка сцена, задржувајќи го и окрупнувајќи го ВМРО-вското ткиво.

НЕПРАВДИ

На вчерашниот протест собраните граѓани и поддржувачи испратија порака до власта, дека потребно е да има правда за сите. За овие четири години граѓаните виделе и на своја кожа осетиле дека правдата важи само за одредени луѓе во државата, кои не се блиски до луѓето на власт.

„Една мината ноќ на невин човек во затвор е потешка од 10 години робија на криминалец“, им укажа Мицкоски, на насобраната десетици илјадната маса народ пред Кривичниот суд.

Организаторите и учесниците кои силно го поддржа маршот, согласни се дека неправда е во државава кога се тепаат новинари, кога критичарите на власта добиваат крвава глава само затоа што гласно зборуваат за криминалот на мафијашите и нивните слуги исти како нив мафијаши. Тие гласно порачаа дека нема да молчат ниту за тоа што медиуми се напаѓаат, етикетираат, прогласуваат за “државни непријатели” за да се уценуваат нивните сопственици, а од друга страна обвинителството да молчи што стотици илјади евра остануваат непокриени во извештаите на СДСМ од кампањата. И, затоа што главната обвинителка е главен телохранител на мафијата.

БАРАЊА

За да може во држава да има правда која ќе биде еднаква за сите граѓани, Мицкоски побара да предложат независен и непристрасен јавен обвинител, кој ќе го исече од корен криминалот. Кој ќе го гони секој кој што се огрешил пред законот, без разлика на политичката припадност. Инаку ова не треба да е проблем за премиерот Зоран Заев, затоа што тој, истото ова го бараше во времето кога беше опозиција.

Многу важен момент кој вреди да се спомене е делот каде што, лидерот Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ им нуди бесплатна правна помош, на сите оние врз кои е нанесена неправда, без оглед на припадноста и политичката ориентација, се со цел да се спречи реваншизмот, притисоците и политичките етикетирања во администрацијата, војската, Министерството за внатрешни работи.

Третото барање кое што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го испрати до власта е, најитно да се формира Комисија за заштита од дискриминацијаа, која во моментот ја нема и да се донесе Закон за заштита од дискриминација.

Четворно барање кое што го посочи Мицкоски од протестот е дека, сите предмети кои се познати во јавноста каде е почувствувано неправда, притисок, уцена и реваншизам, каде правдата не е заштитена, сите предмети за криминал за кои власта сега молчи ќе бидат отворени и предмет на ревизија, а подеднакво ќе биде предмет на анализа и зошто не се постапувало, а требало да се постапува.

Мицкоски вчера, јасно посочи дека, не може да има владеење на правото, ако не се откријат имињата на сите оние кои што се инволвирани во Рекет 1, Рекет 2 од прв до последен да одговараат за тоа што сториле.

Народот, во огромен број, му дава поддршка на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски во борбата против однародената, и како што ја нарекуваат од опозицијата, мафијашка влада. Тоа се гледа и од масовните собири кои што се огранизираат во последните недели. Тоа му дава поддршка и легитимитет на Мицкоски, да ја води партијата до целосното соборување на власта.

Коронавирус