понеделник, 27. март 2023. Вести денес: 142
home Вести

Оставените деца ја напуштија Детската клиника: Не одат во згрижувачко семејство, туку на друго безбедно место

Оставените деца ја напуштија Детската клиника: Не одат во згрижувачко семејство, туку на друго безбедно место

Децата кои синоќа беа заборавени во возило во населбата Аеродром се сместени на безбедно место, но не се наоѓаат во згрижувачко семејство, изјави за Плусинфо Наташа Станојевиќ, директорка на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Скопје.

Децата пред неколку часа се отпуштени од Клиниката за детски болести каде синоќа по приемот им била укажана итна здравствена услуга поради лесна дехидратација, а биле и исплашени и со валкани алишта. Но наместо дома, тие денеска биде однесени на друго место.

-По разговор со двете деца и со родителите, стручниот тим од Центарот за социјални работи оцени дека во овој период е најдобро децата да бидат тргнати на страна. Тие се сместени на безбедно место, но не во здружувачко семејство, тоа не го кажавме од Центарот, нагласи директорката Станојевиќ.

Таа претходно изјави дека децата може да бидат одземени од родителите, но само кога ќе се утврдат причините зошто биле оставени сами во возило.

loading...