среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 154
home Вести

Останува системот за пријавување за вакцинација преку матичните лекари

Останува системот за пријавување за вакцинација преку матичните лекари

Системот за пријавување за вакцинација преку матичните лекари останува, бидејќи сепак треба да се земаат и анамнестички податоци, вели министерот за здравство Венко Филипче.

– Матичните лекари се тие кои ги имаат контактите, тие кои имаат комуникација со пациентите, меѓутоа и пациентите со нив. И добро е да се придржуваат до овој систем затоа што сепак треба да се земат и анамнестички податоци. Еве сега ги проверувавме списоците – близу 1500 се веќе ставени на нашиот список, зборувам од матични лекари. Кога ги проверуваме списоците видовме дека дел од тие матични лекари навистина не пријавиле ниту еден од своите пациенти, за што уште еднаш ќе упатиме писмо со потсетување дека тоа е начинот на кој што пацинетите ќе се пријават за вакцинација, вели Филипче на новинарско прашање коментирајќи го предлогот на матичните лекари телефонското контактирање со пацинетите за вакцинација наместо тие, да го врши администрацијата во здравството.

Најнови вести

Локални избори 2021