петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 107
home Вести

Осомничен и таткото на Боки 13 – Се бара притвор за Мандиќ

Осомничен и таткото на Боки 13 – Се бара притвор за Мандиќ

Покрај пратеничката Фросина Ташевска Ременски, осомничени во новата истрага на Обвинителството за организиран криминал и корупција се и Јасна Мандиќ, заменик-претседател на Меѓународниот сојуз, и Миле Јовановски, таткото на Боки 13, како и асистентката на Мандиќ, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори од обвинителството.

Неофицијално, станува збор за осомничената Јасна Мандиќ, која, заедно со Миле Јовановски, се сопственици на телевизијата „1ТВ“. Првоосомничен е Боки 13, кој е во притвор од 15 јули за случајот „Рекет“.

Од Обвинителството информираа дека се работи за пет осомничени лица.

Боки13 вчера беше во Обвинителството но не даде исказ зошто го изнеасоа со носилки од Брзата помош.