вторник, 25. јуни 2019. Вести денес: 46
home Вести

Османи: Загрижени сме за назначувањето на Еролд Муслиу

Османи: Загрижени сме за назначувањето на Еролд Муслиу

Вицепремиерот Бујар Османи во врска со назначувањето на Еролд Муслиу на чело на Агенцијата за разузнавање за Алсат М изјави:

-Вчерашната одлука на претседателот не вознемири сите. Мислиме дека тоа беше одлука донесена од недостаток на информации, рече Османи.

Османи додаде дека се додека не се расчисти во целост случајот Куманово, опфатените лица не можат да заземат клучни позиции во институциите. Тој се надева дека претседателот ќе го разгледа уште еднаш изборот на Муслиу, за кој верува дека не го направил тоа за други цели.

Инаку вчера и весникот Лајм објави дека „Пендаровски му ја зададе првата „шлаканица“ на ДУИ, десет дена по преземањето на функцијата“.

Именувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање се смета за силна „шлаканица” од страна на претседателот Стево Пендаровски за ДУИ, велат партиски извори за весникот Лајм. Тие потсетија дека Муслиу бил споменуван во 2011 година како потенцијален кандидат за директор, кога претседател беше Ѓорге Иванов, но тогаш силно реагираше ДУИ, оценувајќи го како несоодветен кадар. Но, сега Иванов веќе не е претседател и очигледно влијанието на ДУИ во претседателството е многу послабо.

Подолу може да се прочита реакцијата на ДУИ од 2011 година против Еролд Муслиу. Весникот Лајм се обиде да ги контактира, но од ДУИ засега нема некаква реакција во врска со назначувањето на Мусли како директор на Агенцијата за разузнавање.

„Високи извори во ДУИ денес за Алсат-М изјавија дека со сите сили ќе се спротивстават на евентуалната намера на претседателот за на чело на Агенцијата за разузнавање да го постави Еролд Муслиу. Според партијата на Ахмети на оваа позиција треба да биде именувана личност која има кредибилитет а не личности како Еролд Муслиу. „Актуелниот директор на Агенцијата за разузнавање има уште две ипол години мандат и нема никаква процедура за негово разрешување и назначување на некое друго лице. Ако евентуално дојде до промена на директорот на Агенцијата, воопшто неможе да стане збор за директор на оваа институција да биде Еролд Муслиу. Таму треба да биде назначен некој со кредибилитет а не некој кој учествувал во фалсификување на досијеа или производство на фалсификувани документи“.