понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 93
home Вести

Османи за метлата: Не е принцип којшто ДУИ го користи но ќе се разговара

Османи за метлата: Не е принцип којшто ДУИ го користи но ќе се разговара

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој воедно е и портпарол на ДУИ денеска даде коментар за метлата на премиерот Зоран Заев.

Тој рече дека има комуникација меѓу Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети, како што кажа, за зајакнување на капацитетите на Владата во делот на економијата.

– Метлата не е принцип којшто ДУИ го користи, но да претседателот на ДУИ Али Ахмети и претседателчот Заев разговараат за зајакнување на капацитеттие на Владата во пресрет на отворањето на новото поглавје во фокус на Владата, а тоа е економијата, рече Османи.

Инаку, владејачката СДСМ на седница на Централниот одбор на партијата го разреши речиси целото партиско раководство. Од функцијата се разрешени целиот Извршен одбор, сите шестмина потпретседатели на партијата, тројцата секретари и координаторката на Форумот на жени. Премиерот и лидер на партијата Зоран Заев по седницата најави дека ќе следи промена и на повеќе министри во Владата, како и заменици и други функционери. При тоа кажа дека гледа никаква причина да понуди оставка од премиерската функција.

-Ќе има промена на министерските позиции, заменици министри и други функционери во владата, како и директори на ЈП, агенции, АД во државна сопственост, секаде каде буквално нема резултат, односно се покажала ароганција, се немало доблест, се намело демократски капацитет, успешност, ќе се случат промени. Ќе бидат, исто така сериозни какви што се овде во политичката партија, бидејќи само така е во ред, рече Заев.

Коронавирус