сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 31
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

home Вести

Османи во време на пикот на коронавирусот: Нема друг датум за избори освен 5 јули, не очекувам да не разберат граѓаните, ни треба функција!

Османи во време на пикот на коронавирусот: Нема друг датум за избори освен 5 јули, не очекувам да не разберат граѓаните, ни треба функција!

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи смета дека нема друг датум освен 5 јули за одржување на предвремените парламентарни избори, посочувајќи дека такви се роковите и законски и логични.

– Ставот ние го кажавме, нема друг датум освен 5 јули во овој период што доаѓа. Такви се роковите, и законски и логични и какви било. Јас очекувам дека ќе постигнеме договор за 5 јули, за да ги вратиме институциите. Меѓутоа кога би ставил пак „на вага“ еден да заболи од изборниот процес, па макар и асимптоматски да биде, дали вреди сето тоа. Така што еве во овие две недели да ги следиме трендовите, нагласи Османи во интервју на телевизија Телма.

Тој истакна дека последната воведена двонеделна вонредна состојба им помогнала како Влада да работат помалку под притисок на роковите и да се фокусираат на здравствената состојба во овој период, а во меѓувреме да продолжат да разговараат со политичките партии.

– Јас не очекувам граѓаните да не разберат, но ние како министри кои што функционираме на дневна основа знаеме колку ни треба што побрзо функционален Парламент и политичка Влада, така што ние сме во една тешка позиција на наметната ситуација поради ова со Собранието за којашто никој не е виновен. Собранието се распушти на 12 февруари кога никој не знаеше дека ќе имаме епидемија тука во државата, потенцираше Османи.

Инаку Македонија се движи кон нов пик на коронавирусот додека власта предводена од СДСМ и Зоран Заев бараат одржување на парламентарни избори во нашата земја.

Додека денеска бројката на ново заразени надмина над 60-тина лица, вчера во Македонија имаше регистрирано над 90 лица, што е најмногу по 16 април кога беа заразени 107 лица во еден ден.

Во последниве неколку денови рапидно расте и бројот на починати лица, додека Заев е убеден дека избори во Македонија мора да има.

Парламентарни избори 2020