недела, 31. јули 2022. Вести денес: 43
home Вести

Османи: Резолуцијата на бугарскиот Парламент долгорочно ќе го блокира европскиот процес

Османи: Резолуцијата на бугарскиот Парламент долгорочно ќе го блокира европскиот процес

Два збора стојат помеѓу успехот и неуспехот на Европската Унија во регионот. Зборот „протокол“ во рамката, како парадигма на историските прашања, и зборот „отворање“ во параграф шест од заклучоците на советот, објави денеска на Фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– И двата збора не се во францускиот предлог како финални решенија туку се ставени (дел од нив и во заграда), како прашања за кои не може да се постигне согласност поради позицијата на Република Бугарија, наведува шефот на дипломатијата во објавата.

Тој посочува дека денешното усвојување на резолуцијата во бугарскиот Парламент, во која се потенцираат токму овие две прашања ќе го блокира долгорочно европскиот процес и воедно ќе ги парализира инструментите од договорот за пријателство на долг рок.

– Француското претседателство беше многу внимателно при срочувањето на текстот, внимавајќи на сензитивностите на двете страни и затоа прашањата кои не беа прифатливи за нас ги стави како недефинирани предлози (во заграда) за да потенцира дека тие се прашања кои не се решени. Оттука ние само можеме да се заблагодариме на Француското претседателство но моравме да го одбиеме нивниот предлог во ваква форма, токму поради деловите во него за кои бугарската страна без никаква аргументација не покажа разбирање, додава Османи во објавата на Фејсбук.

Коронавирус